-Владата продолжува со посветена работа и добри економски политики за подигнување на животниот стандард. Економијата бележи историски раст на Бруто домашниот производ од 13,1% во вториот квартал. Просечната нето-плата во државата континуирано расте и истата по вработен, во јуни 2021 година, изнесува 28.744 денари, што е за 7%, односно за 1.877 денари повеќе во однос на јуни минатата година. Бележиме историски најниско ниво на стапката на невработеност од 15,9% со тенденција таа дополнително да се намали до крајот на годината, напиша Заев на социјалните мрежи.