Според премиерот Зоран Заев, во Грција во моментов има само уште неколку патоказни табли со старото име на Македонија во ОН и дека очекува наскоро тие да бидат променети согласно Преспанскиот договор.

-Тоа што е важно за целиот наш народ треба да го знае дека повеќе не сме ФИРОМ на кајроните, но исто така со народните кодификации или кодови МК и МКД и во едни такви околности јас само можам да кажам дека очекувам и грчката страна соодветно да продолжи како што е нашето очекување тој еден или два знаци се ФИРОМ кој што постојат да ги тргнат, не е коректно да пишува Турција, Бугарија и ФИРОМ, или не е коректно да пишува Турција, Бугарија и Скопје, треба да пишува Северна Македонија, ФИРОМ навистина треба да се тргне, порача Заев.

Претходниот грчки премиер Алексис Ципрас реагираше дека по ова прашање топката се префрла помеѓу локалната и централната власт, а поранешниот солунски градоначалник Јанис Бутарис неодамна нагласи дека во околината на Солун веќе нема патоказни табли со „ФИРОМ“ туку само со „Скопје“.