Под вакви околности опозицијата ја обвини власта дека власта дека за да не падне владата се користи со недемократски методи и дека го киднапирала пратеникот Кастриот Реџепи кој претходно доброволно го ставил неговиот потпис на иницијативата заедно со останатите пратеници од неговата партија за Владата да падне.
60-те пратеници пред да истече рокот за гласање го напуштија Собранието и побараа брзи парламентарни избори за да се реши кризата.
Околу полноќ, претседателот на Собранието, Талат Џафери констатира дека седницата е затворена и дека опозицијата не успеала да формира кворум за уривање на Владата и ова беше протолкувана како победа од страна на власта, иако реалноста е сосема спротивна. Беса уште еднаш потврди дека ја напушта Владата, па денес и официјално Арјанит Хоџа кој е истовремено и генерален секретар на оваа партија си поднесе оставка од функцијата министер за земјоделство, а заедно со него и двајца заменици министри.
Во вакви околности власта останува со 59 пратеници, па останува нејасно како планира да изгласа нов министер и заменици, како ќе се гласа буџетот за кој Талат Џафери синоќа најави дека ќе се гласа на 5-ти декември и како воопшто ќе функционира влада која нема 61 пратеник. Најдобар доказ за тоа дека Владата е делегитимирана во секој аспект, парализирана и нефункционала, е тоа што Заев ниту за време на вчерашната седница ниту денес го нема да се изјасне за тоа како планира да води влада која ја нема потребната поддршка.