Заев уверуваше дека Кичеец имал комплетна медицинска документација за да може да излезе на лекување. Детали за случајот не знаеше, а изрази жалење за загубата од сообраќајката.

– Разговарав со директорот за санкции, Марјан Спасовски. Ми ги кажа сите детали. Секој издржувач на казна затвор, има соодветни права. Овде има комплетирана медицинска документација, од здравствени причини, особено со аргументации со соодветни потписи. Не знам зошто патувал кон Скопје, со тие луѓе. За деталите ве упатувам кон Управата за извршување на санкции. Јас прашав бидејќи еве вие медиумите, но и јас како претседател на Влада, е да се заинтересираме дали ова е според закон. Жалам за загубата во сообраќајната незгода, рече Заев.

Тешката сообраќајка се случи во саботата во близина на Стража.