Заигра македонското срце кога пролетта во Дуисбург ја надигравме големата Германија со 2:1 на гости.
Целиот свет дозна за тоа кои сме и од каде доаѓаме. Денеска сме ние домаќини на Германија во Скопје, во квалификациите за Светското првенство кое во 2022 година ќе се игра во Катар. ⚽
Да им посакаме топло добредојде во Македонија на гостинските фудбалери и навивачите кои допатуваа да го следат натпреварот.
Нека грми Арената „Тодор Проески“, дождот да ви даде сила за уште голови во мрежата на Германија. 🇲🇰 🇩🇪, напиша Заев на својот фејсбук профил.