„Ние по глава на жител ќе примиме повеќе хуманитарци, активисти за човекови права, вработени во невладини организации за човекови права и новинари, најверојатно затоа што имаме поголемо срце од сите други, затоа што имаме поголема хуманост од сите други. Затоа што нашиот регион поминал низ трауми во изминатиов период поблиску од другите земји, па знае колку е важна помошта и кога има кој да ти помогне“, рече Заев.

Премиерот кажа дека сите трошоци за престојот на бегалците ќе ги покријат соодветните организации и Соединетите Американски Држави. Земјава ќе им направи на сите бесплатни ПЦР тестови и ќе обезбеди вакцина за невакцинираните.