Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешниот Конгресот пред сопартијците порача дека партијата е успешна и државнички успеси.
Заев рече дека од претходната влада на Никола Груевски наследиле опустошена, изолирана и осиромашена држава и тие пред граѓаните излегле со чесна понуда и со концепт за враќање на парите назад кај граѓаните и тоа било препознато од гласачите.
Се пофали дека ги покачиле платите, пензиите, социјалната помош, обезбедиле поврат на дел од ДДВ, ја укинале радиодифузната такса и изградиле преку 500 километри патишта.
Денешниот конгрес 26-ти изборен конгрес на СДСМ, и прв кој се одржува онлајн, поради пандемијата.