Од Владата за порталот велат дека тој до службите упатил писмено барање за издавање дипломатски пасош.

Тој минатата недела во телевизиско интервју најави дека тој во понеделник сабајле ќе го земе првиот пасош со „Република Северна Македонија“.

-Тоа се подготвени документи, министерот за внатрешни работи ми ги презентираше во вторникот на Владата и буквално, од петок ќе почне реализацијата. Еве уште едно ново исполнување од наша страна на Преспанскиот договор, истакна Заев за ТВ21.