-Согласно податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи пред сѐ, на зголемувањето на просечната плата во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (12,4%), Уметност, забава и рекреација (8,4%) и Информации и комуникации (8,3%).

Според статистика, просечната исплатена нето-плата за јануари е највисока во секторот Информации и комуникации и изнесува 53.928 денари. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за јануари изнесува 42.204 денари, објави денеска на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

Владата, пишува во објавата на Заев, во консултација со сите чинители во општеството, синдикати, комори, организации на работодавачи, креира амбиент за раст на просечната и на минимална плата

-Посветени сме на реализација на стапките на економски раст и покачување на платите до 30 проценти, напиша Заев.