– Работната агенда во Софија ја почнавме со раководството на ГЕРБ и мојот пријател Борко Борисов. Разговаравме дека е многу важно да овозможиме младите генерации да имаат дијалог и разбирање. Не смееме да дозволиме младите да ни се замразат, напиша Заев на „Твитер“.
🇲🇰🇧🇬 Работната агенда во Софија ја почнавме со раководството на ГЕРБ и мојот пријател @BoykoBorissov.
Разговаравме дека многу е важно да овозможиме младите генерации да имаат дијалог и разбирање. Не смееме да дозволиме младите да ни се замразат. pic.twitter.com/y1ArSmxJPi
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) June 17, 2021
Премиерот Заев заедно со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи престојуваат во работна посета на Софија со цел да се интензивираат напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Северна Македонија.
Од владината прес-служба соопштија дека премиерот и владината делегација ќе остварат работни средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со премиерот Стефан Јанев, како и со претставници на поголемите политички партии во земјата.