Тој упати комплименти до сите попишувачи, до Заводот за статистика и до сите стручни луѓе кои работат внатре, како и до македонски Телеком, кој што е повикан да помогне, но и сите други ИТ експерти од државните иснтитуции кои се вклучени да помогнат.

– Системот, како што знаете е сериозно нападнат од хакери. Тоа го знаеме сите. Секако работат повеќе од пет илјади попишувачи и тука истрагата не може да даде конкретен резултат, важно е што се ставаат соодветни блокади и досега пописот продолжува успешно да функционира, рече Заев по одбележувањето на јубилејот – 75 години од основањето на Сојузот на здруженијата на пензионерите, во одговор на новинарско прашање.

Тој потсети дека во просек дневно има околу сто илјади попишани, а надмината е бројка на милион попишани граѓани.

– Во просек имаме околу сто илјади попишани. Ја надминавме бројката од милион и 37 илјади граѓани кои се попишани, тоа можам да констатирам дека е успешен. Фокусот мора да остане пред се на стручните луѓе, на ИТ техничарите кои се позадинска поддршка на попишувачите кои што одат од куќа на куќа, од дом на дом, но и се морална стабилност и на граѓаните, оти ако системот паѓа и навистина не можете да го завршите попишувањето, се создаваат нервози, непријатни ситуации или слично, рече премиерот.