Ја потврдија поддршката за кандидатите на ДУИ во сите општини каде што се натпреварува со опозицијата, па така во Кичево ќе го поддржат Фатмир Дехари, наместо Александар Јовановски.
Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев отворено порача дека во Чаир, Гостивар, Струга и Кичево, СДСМ ќе ја поддржи ДУИ.
–Во Струга го поддржуваме Рамиз Мерко, во Кичево го поддржуваме Фатмир Дехари, во Гостивар го поддржуваме Невзат Бејта, во Чаир го поддржуваме Висар Гани и обратно во другите општини, како и очекуваме поддршка. Каде се нашите двајца коалициски партнери ДУИ и БЕСА, оставаме граѓаните сами да одлучат, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев.