Одговарајќи на прашањето дали се планираат предвремени парламентарни избори, Заев истакна дека нема потреба од нови избори и дека парламентарното мнозинство е стабилно и може дополнително да расте.
-Државата има стабилна влада – демократска, европска, мултиетничка. Владата е столб кој го чува курсот кој сите заедно си го зацртавме и по кој се движиме напред. Коалицијата на Владата е стабилна и очекувам да расте. Не ни требаат нови избори. После долго време конечно имаме 2.5 години пред нас, период без избори, тоа е ретка можност. Тоа е она што го бараат граѓаните и она што е неопходно за економските перспективи. Јас цврсто стојам на тоа дека треба да се зграби оваа можност и државата веднаш после овие избори да продолжи напред кон раст на платите и пензиите и кон отворање на нови 150.000 работни места колку што имаме испланирано за следните години, порача Заев во интервју за „Политика“.