Скопје повторно под отровен чад. Главниот град денеска ја потврди негативната репутација како еден од најзагадените во светот. Сензорите кои ги мерат штетните честички отидоа во виолетово, боја која означува највисоко ниво на загаденост на воздухот, објави Сител.
Во зависност од мерните инструменти во различни делови од градот, Пи- Ем честичките беа присутни од три до шест пати повеќе од дозволеното. Тоа допринесе изутрината Скопје да се најде на четврто место во светот на листата на најзагадени градови.
Во оваа борба влегуваме со сет почетни мерки, вели градоначалниката на Скопје.
Петре Шилегов, претходникот на Арсовска, по четири години на градоначалничкото столче и можностите да влијае на мерките, денеска преку Фејсбук се пожали на загадениот воздух во главниот град.
Тој објави резултат на една од мерните станици со коментар „Go green“.
До загадувањето доаѓа и поради неповолната географија на Скопје, но и поради нашите навики, сметаат еколозите.
Креаторот на апликацијата “Мој Воздух” смета дека во последните години се преземени минимални чекори во борбата со аерозагадувањето.
Иако годинава работат стабилно, Јовановски смета дека 19 државни мерни станици се премалку на ниво на цела држава, а нареден чекор треба да биде нивно зголемување.