Истражуваат околностите на трагичниот инцидент
На 19.02.2026, околу 15:00 часот, во индустриската зона на општина Петровец, при изведување на работни задачи на објект во изградба на една фабрика, метален профил паднал од висина врз Е.А. (23) од Велес.
Од здобиените повреди, младото лице починало на местото на настанот, информира МВР.
„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција“, се наведува во соопштението.
За случајот е известен трудов инспектор, а увид бил извршен од увидна екипа на СВР Скопје.
Екипите работат на утврдување на точните околности под кои се случила несреќата, за да се обезбеди целосна документација и превенција на слични инциденти во иднина.