Шеесет и шест годишниот Љ.С. од Богданци го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера околу 16.00 часот се случила на обиколница Богданци.
Љ.С. управувал со патничко возило „рено клио“ со гевгелиски регистраски ознаки, по што излетал од патот.
-Од здобиените повреди на местото на настанот починал Љ.С., а лекар од Итната медицинска помош Гевгелија констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.