Попладнево сум на терен заедно со екипите на ЈКП Гази Баба и екипите на јавните претпријатија на Град Скопје каде што се санираат последиците настанати од големото невреме кое го зафати Скопје, вели градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.
На неколку локации е собрана поголема количина на вода и настанат е прекин во сообраќајот. Заглавено е едно возило под подвозникот кај Бриколаж и се работи интензивно на извлекување на возилото.
Граѓаните да бидат спокојни. Јас и целиот кризен штаб од општината остануваме на терен до целосно расчистување на последиците од невремето“, објави тој.