На овој ден, мораме да ја потврдиме нашата посветеност да ставиме крај на родовото насилство и дискриминација, да го затвориме родовиот јаз во платите и да ги промовираме правата и можностите на жените во секоја сфера од животот. Мораме неуморно да работиме на зајакнување на жените и девојките, за да се осигураме дека ние го имаме она што ни е најпотребно во Македонија а тоа ееднаквост, образование, сигурна здравствената заштита и ресурсите што ни се потребни за да успееме и да напредуваме, рече пратеничката и лидерката на ЛДП Моника Зајкова во македонскиот парламент.

– Денес, да ги славиме достигнувањата на жените низ историјата и им оддаваме чест на предводничките кои се бореа за правата на жените и овозможија напредок. Но треба и да потсетиме дека имаме уште многу работа во едукацијата за родовата еднаквост од најрана возраст, борбата со насилството и омоќувањето на жената. 8-ми Март не е само еден ден во кој ќе добиеме цвеќе во знак на внимание туку овој меѓународен ден е за потсетување на борбата за економска, политичка и социјална еднаквост на жените. Борбата против современиот патријархат не е завршена. Да ја славиме нашата храброст, нашата сила и нашата издржливост. Како либерал-демократка иполитичарка, верувам дека родовата еднаквост не е само морален императив, туку и економска и социјална неопходност, додава таа.