Амбасадорката на САД Анџела Агелар има искуство со Македонија и веројатно гледа дека правосудниот систем се уште не е променет и покрај бројните забелешки. ЛДП нема да дозволи неказнивост на поединци, политички и економски недопирливи моќници, кои се богателе на грбот на државата и граѓаните. Секоја одговорност мора да има име и презиме, вели претседателката на ЛДП Моника Зајкова.

-Борбата против корупцијата е во фокусот на меѓународната заедница, САД носи засилување, а тоа е најдобриот начин да ги надминеме незадоволството и разочарувањето, особено меѓу младите од селективната правда и нееднаквите можности за сите, рече таа.

– Правдата во Македонија има потреба од повеќе објективни и ефикасни постапки кои ќе покажат дека никој не е над законот. Промени мора да има. Борбата против корупцијата треба да ја водат и граѓаните и институциите. вели Зајкова.

Како што додаваат од ЛДП степенот на демократија во секоја држава е еднаков на способноста да овозможи доследно владеење на правото, што е врвна либерална, европска вредност.

Криминалот и корупцијата ги поткопуваат државните темели, ги доведуваат во прашање демократијата и владеењето на правото, го загрозуваат квалитетот на секојдневниот живот. Иако знаеме дека борбата со корупцијата не е лесен процес, ЛДП ќе биде најгласниот протагонист во власта за ефикасно справување со корупцијата и стимул во обезбедувањето на стабилност и економски развој.