Секој ден локдаунот ќе ја чини Виена 49 милиони евра, соопшти кабинетот на секретарот за финансии, Петер Ханке.
Во оваа сума се вклучени загубите во трговијата, гастрономијата, а пред се хотелиерите.
-За економијата и туризмот во Виена, заклучувањето е голем предизвик, нагласи Ханке.
Сепак, тој смета дека поради лошата епидемиолошка состојба, локдаунот сепак, е корисна мерка.