– Ова е закон за којшто вршиме консултации низ транспарентна постапка. Ја помина процедурата на ЕНЕР, се дадоа одредени забелешки кои наредните денови ќе бидат разгледани во Министертсвото по што законот ќе го доставиме до Владата и кога ќе го имаме конечниот текст, ќе го доставиме и до Собранието, изјави денеска министерот Благој Бочварски, одговарајќи на новинарски прашања по увидот во градежните активности на улицата „Париска“ во Тафталиџе 1.
Посочи дека на Предлог-текстот имаат забелешки доставени граѓани и граѓански здруженија, а во делот на законот кој се однесува на заштитетните подрачја рече дека внимателно постапуваат.
– Има доставено забелешки од граѓани и од граѓански здруженија и ние веќе дел ги вградиме имајќи предвид дека долго време се води дискусија за овој закон. Во делот на заштитените подрачја имаме уште внимателен пристап со што верувам дека после донесувањето на конечната драфт верзија која ќе оди во Собрание, ќе имаме можност да ја информираме јавноста за конечниот текст, рече Бочварски.