Собраниската Комисија за европски прашања денеска на седница треба да расправа за Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година.

Комисијата за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија, пак, ќе го разгледуваат Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, по скратена постапка.