Законот за работни односи за изведба на коридорите од „Бехтел и Енка“ денеска е пред парламентарците на пленарна седница. Десетици пратеници пријавени за збор. Опозицијата реагира за 60 часа работно време, но власта е на став дека се заштедуваат пари.
Паралелно со претресот на Законот за работни односи во главната сала, во една од помалите сали на Собранието – Комисијата за европски прашања ја почна дводневната расправа за Законот за урбанистичко планирање.
Тоа е вториот од групата од пет закони кои добија европско знаменце за да бидат побрзо донесени и да ја озаконат договорената изградба на коридорите 8 и 10д со компанијата Бехтел и Енка.
Владата тврди дека овој закон ќе овозможи поголема флексибилност при реализацијата на стратешките градби, а опозицијата забележува дека општините и нивните ДУП-ови ќе бидат игнорирани.
Паралелно со претресот на законот за работни односи во главната сала, во една од помалите сали на Собранието, Комисијата за европски прашања ја почна дво-дневната расправа за законот за урбанистичко планирање.
Тоа е вториот од групата од пет закони кои добија европско знаменце, за да бидат побрзо донесени, и да ја озаконат договорената изградба на коридорите осум и десет д со компанијата „Бехтел и енка“.
Владата тврди дека овој закон ќе овозможи поголема флексибилност при реализацијата на стратешките градби, а опозицијата забележува дека општините и нивните детални урбанистички планови ќе бидат игнорирани.