Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за еверопски прашања, на која на дневен ред, меѓу другите, е Предлог на закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, во прво читање.
Пратениците ќе ја разгледуваат потребата за носење на Предлог на закон за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, на Предлог на закон за Канцеларија за поврат на имот и Предлог на закон за финансиски инструменти, Предлог на закон за проспекти и обврски за транспарентност за издавачите на хартии од вредност, Предлог на закон за виното и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, сите во прво читање.