Комисијата даде поддршка на предлог-измените во прво читање

Предлог-измените на Законот за туристичка дејност го поминаа првото читање пред матичната Комисија за култура и туризам. Членовите на Комисијата дадоа поддршка за предложените измени и ги проследија на понатамошна постапка во Собранието. Со ова се отвора патот за суштински институционални промени во начинот на управување со туризмот во земјата.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се укинува

Во предлогот е предвидено укинување на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Сите нејзини надлежности, ресурси и вработени ќе преминат под капата на Министерството за култура и туризам. Со тоа се предвидува поедноставување на институционалната структура и префрлување на сите обврски кон еден ресор.

Министерот ќе формира нов Совет и ќе доделува субвенции

Со измените е предвидено министерот за култура да го формира Советот за промоција и поддршка на туризмот, како ново тело кое ќе има улога во координирањето на активностите. Дополнително, со истиот предлог се предвидува доделување субвенции за туризмот преку Министерството.

Според предлагачот, целта на измените е подобрување на туристичките политики, зголемена ефикасност и поврзување на културата со туризмот преку централизирано планирање.

За потсетување, министерот за култура Зоран Љутков го посети нашето студио каде разговарвме за сите детали. Погледнете го гостувањето?

(ВИДЕО) ИМА ЛИ НОВАТА ВЛАДА КОНЦЕПТ ЗА КУЛТУРАТА: Кога да ги очекуваме првите резултати?

Извор: СкопјеИнфо