Поранешниот капитен на Македонија до 21 година добива шанса да биде дел од најдобриот национален состав откако стана извесно дека Аријан Адеми од Динамо Загреб нема да може да се стави на располагање на тимот за натпреварите против Ерменија (2. септември), Исланд (5. септември) и Романија (8. септември). Неизвесно е доаѓањето и на Бобан Николов од молдавски Шериф.
Соочени со неможноста на Адеми поради здравствени причини да му се приклучи на тимот и неизвесноста со евентуалното доаѓање на Николов, стручниот штаб во А репрезентацијата прати дополнителен повик до Јани Атанасов, фудбалер кој игра на позицијата на Адеми и со своите играчки карактеристики е најблиску до тоа што евентуално би ни било потребно.