Во објавата на Телеграм, соработникот на украинскиот претседател не ја наведува причината за оставката, но украинските медиуми јавуваат дека Тимошенко е можеби дел од кадровските смени што го најави Зеленски
Заменик-шефот на претседателскиот кабинет на Украина, Кирило Тимошенко, на почетокот на оваа недела побарал од претседателот Володимир Зеленски да го ослободи од должноста, јави Ројтерс.

Според украинските медиуми, Тимошенко бил вмешан во неколку скандали поврзани со неговата лична употреба на скапи автомобили, наводи што тој ги демантира.

Тој во објава на својот профил на Телеграм му се заблагодари на украинскиот претседател за довербата и за можноста, како што вели, за правење добри дела секој ден и секоја минута.

„Му благодарам на секој шеф на регионалните воени администрации. Вие сте вистински воини на светлината!Благодарност до градоначалниците за конструктивност во споровите. Благодарност до сите Украинци за довербата во нашата кауза. Благодарност до вооружените сили – што ја спасија и што ја бранат нашата земја. Благодарение на мојата сопруга и синот за разбирањето и поддршката“, додава Тимошенко во објавата на Телеграм.