Како што информира Царинската управа, дрогата е пронајдена на ГП „Дојран“ при вршење детална царинска контрола на товарно моторно возило пријавено за излез од државава.
Дрогата е запленета, а по собирање на доказите и утврдување на сите околности за настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против осомничениот по член 215 од Кривичниот закон.