На 29.12.2022 полициски службеници од СВР Битола -ОВР Ресен извршиле претрес во дом на К.К.(57) од Ресен и во продажен објект во Ресен, во негова сопственост.
При претресите пронајдени се 6064 парчиња разновидни пиротехнички средства,а исто така пронајдени и одземени се повеќе пакувања тутун.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.