Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север завчера во 18.30 часот го лишиле од слобода Ј.Л.(29) од с.Блаце, скопско.

Како што соопшти МВР, на место викано „Радушки мост“, атар на с. Радуша, полициски службеници извршиле контрола во возило комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што биле пронајдени повеќе производи без документација, а кои ги донел од Косово.

 

 

Со лицето бил извршен службен разговор во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.