Појавата на нова варијанта предизвика глобален одговор, бидејќи стравувањата дека таа би можела побрзо да се шири дури и меѓу вакцинираните луѓе, а владите започнаа да воведуваат забрани за патување и други мерки.
Бионтек објави дека започна да работи на вакцината омикрон заедно со партнерот „Фајзер“.
Џонсон и Џонсон исто така ја анализира ефикасноста на својата вакцина против омикрон, додека работат на специфична вакцина за таа варијанта.
-Почнавме да работиме на дизајнирање и развој на нова вакцина омикрон и доколку е потребно брзо ќе започнеме со клинички испитувања, рече Матаи Мамен, директор за развој во таа фармацевтска компанија.
Модерна вели дека овој процес може да потрае неколку месеци за да може да започне со испорачување на вакцината која делува против омикрон, изјави извршниот директор Стефан Бансел за Си-Ен-Би-Си, додека Русија е убедена дека нејзината вакцина Спутник V е ефикасна против новата варијанта, инаку е подготвена да произведе стотици милиони засилувачки дози.
Бансел во интервју за Си-Ен-Би-Си изјави дека сè уште не е позната ефикасноста на вакцината против таа варијанта и дека треба да се знае повеќе за околу две недели.
Модерна во петокот објави дека работи на прилагодување на вакцината кон новата варијанта и дека тестира поголема доза од постоечката „засилувачка“ доза и ги проучува верзиите на вакцини за да се заштити од повеќе варијанти.
Русија во понеделникот објави дека ќе биде подготвена да понуди засилувачки дози за заштита од омикрон, доколку е потребно, но Кремљ рече дека нервната реакција на пазарот на новиот вид е емотивна по природа и не се заснова на научни податоци.
Минатата година Русија брзо ја разви вакцината „Спутник V“ во две дози, по што следеше вакцината „Спутник лајт“ за еднократна употреба. Тој тврди дека и двете вакцини покажале висока ефикасност во испитувањата, но сè уште чекаат одобрение од СЗО.
Русија изјави дека вакцината, развиена од институтот Гамалеј, најверојатно ќе биде ефикасна против омикрон, во спротивно е подготвена да произведе стотици милиони засилувачки дози.
-Институтот Гамалеја верува дека Спутник V и Лајт ќе го неутрализираат омикронот бидејќи се најефективни против други мутации, рече Кирил Дмитриев, шеф на рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој е задолжен за извоз на вакцината во странство.
До февруари ќе има стотици милиони засилувачки дози
-Доколку е потребна модификација, што е малку веројатно, до 20 февруари 2022 година ќе обезбедиме неколку стотици милиони засилувачки дози на Спутник против омикрон, напиша Дмитриев на официјалниот Твитер профил на Спутник V.