Гласаа членовите на ИО пред одењето во странство

Започна гласањето за претседателските избори кои се одржуваат оваа среда. Денеска во ДИК гласаат членови на 31 избирачки одбор пред одењето во странство. На 23-ти април, вторник, ден пред претседателските избори, ќе гласаат болните, изнемоштените лица и затворениците, утре ќе почне дистрибуцијата на гласачкиот материјал.

191 лице со право на глас

Членовите на избирачките одбори кои ќе патуваат во странство гласаа за своите фаворитите во првиот круг од претседателките избори. Добија и билети до крајните дестинации каде што ќе го организираат изборниот циклус. На овој гласачкиот список се најдоа 191 кои патуваат на 31 локација.

За изборите ќе се гласа низ целиот свет

Гласање ќе има во Абу Даби, Белград, Берлин, Виена, Венеција, Мелбурн, Минхен, Чикаго, Анкара, Софија, Мадрид и други градови.

2.571 македонски граѓанин со право на глас

Нашинците од дијаспората гласаат во вторник, од 7 до 19 часот по локално време. Ова право ќе го искористат 2.571 наш државјанин. Истиот ден ќе гласаат болните и изнемоштени лица, како и затворениците.

Извор: МРТ