Како што појаснуваат оттаму, до крајот на мај, еднаш до два пати неделно, во времетраење од два до четири часа ќе се грижат околу одржување на хигиената во домот, набавка на прехранбени производи и лекови, придружба при посета на лекар, фризер, прошетка, плаќање сметки и други потреби кои ги имаат старите лица.
-Дополнително, ќе им биде обезбедена и психо-социјална поддршка за да се надмине чувството на страв, немоќ, немотивираност и неизвесност, кои особено се зголемени кај повозрасните во последниот период како последица на ситуацијата со КОВИД-19. Со цел да се намали нивната исклученост од социјалните контакти, онаму каде што постојат услови за тоа, ќе бидат подучени како се користи технологија за онлајн комуникација. На овој начин, тие преку користење на социјалните медиуми ќе можат да остварат виртуелни средби со семејството, пријателите и врсниците, велат од Општина Кисела Вода.