Жителите на Бардовци ги повикаа граѓаните на масовна поддршка за денешниот протест, кој започна попладнево во 16 часот, од паркингот кај спортстката арена „Борис Трајковски“ од каде во поворка се упатија кон Владата.
На протестот, кој е предвидено да трае до 19 часот, едногласно порачуваат: СТОП за градење на Прифатен центар за странци во Бардовци!
Жителите на Бардовци се револтирани од односот на институциите бидејќи не ги информираат што точно ќе се гради на земјиштето од 7 илјади хектари во близина на нивните домови,како и со каква намена ќе бидат објектите.
Како што велат, до сега надлежните упорно ги уверувале дека во Центарот странците ќе престојуваат најмногу 6 дена. Но тие не им не веруваат бидејки имаат документи од Министерство за транспорт и врски во кои стои сосема нешто друго.
Веќе се испратени писма до дипломатските претставници, Собранието, Премиерот, актуелниот градоначалник на Општина Карпош и локалната самоуправа, а се преговара и за средби и со други одговорни лица за изградба на овој објект.