Брзите тестови со кои и тие беа проверувани денеска покажаа дека сите се негативни на коронавирусот.
– Имавме потпишана согласност од родителите и со тоа бевме во можност и дадовме согласност да се тестираат нашите ученици. Иницијативата за скринингот за Ковид-19 е добра и за нас и за нашите ученици, за да бидеме сигурни дека тие се негативни за нашата безбедност. За сите тестирани ученици резултатите ни ги кажаа здравствените работници кои беа дојдени во нашето училиште, сите беа негативни и не израдува веста дека сите се негативни. Во секое училиште се почитуваат протоколите од Министерството за здравство во соработка со Министерсвото за образование и наука, изјави Ајше Беќировска, специјален едукатор и рехабилитатор во средното училиште „Зеф Љуш Марку“.
Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје – Скопје во изјава пред медицинското училиште „Панче Караѓозов“ рече дека тоа е второ училиште каде се спроведува скринингот.
– Се работи за брзи скрининг тестови кои се слични тестови до некаде како и тие што земаме брисеви и за коронавирусот. Резултатите се добиваат во рок од три до четири минути. Не треба да се грижат родителите, да не се мислат, бидејќи тоа се истите брисеви за откривање бактерија на Микробиологија, истите брисеви кои се користат за санитарни прегледи. Така што не е ништо болно. Веќе две години земаме брисеви ниту настанала повреда, ниту рана, значи сето тоа е внимателно направено – вели Јанкуловски.
Скринингот продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.