Започна училишната година

Малку смеа, малку солзи, насмевки, но и неизвесност од она што ги очекува понатаму. Треба градинката да ја заменат со училишните клупи. Ги пречекаа наставничките со топол збор и прегратка.

Летото го поминале читајќи лектири, првиот училиштен ден го чекале со нетрпение велат.

Намалена бројката на ученици за 17 илјади

Оваа година бројот на ученици е намален за 17 илјади во последните 7 години. Бројот на првачиња е намален за 3.500 што се должи на намалениот наталитет и иселувањето. Министерката за образование и наука Јаневска ветува книги за сите ученици.

Градоначалникот на Општина Гази Баба со еднократна помош од 3.000 денари и бесплатни ученички униформи им го олесни стартот на првачињата во пресрет на новата учебна година.

(ВИДЕО) Со македонската химна започна училишната година во Општина Аеродром

Владата ќе помогне на домаќинствата

Владата со план за лимитирање на цените на производите, за порелаксиран старт на учебната година и олеснување на трошоците на родителите.

Прв пат по седум години учебната година почнува со навремено испорачани учебници во сите основни училишта во државата. На првиот училиштен ден учениците ќе ги добијат учебниците. Според ресорното министерство, обезбедени се 10-тина нови наслови во основното и над 100 во средното образование, кои досега не биле отпечатени.