До Турција, министерството за правда денеска треба да го поднесе барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо, првоосмничениот за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче. Палевски е фатен во Турција кај градот Беликесир, од страна на турската полиција.
Министерот за правда Кренар Лога вели уште утрово со почетокот на работниот ден ќе започнат со подготовка на соодветната документација за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо.
„Од почетокот на работното време ќе ја започнеме соодветната постапка“, вели министерот за правда Кренар Лога.
За Палевски веќе има одредено мрека притвор од 30 дена. Истата мерка им е одредена и на другите четоврица осмничени. Поднесени се кривични пријави за две свирепи убиства. 30-дневен притвор му е одреден и на тактото на Вања, Александар Ѓуречевски кој е осмничен дека ги дал клучните информации за движењето на девојчето.