Зголемен интензитет на сообраќај поради одмори

На државните патишта коловозите се суви, а движењето се одвива без поголеми пречки. Забележан е зголемен интензитет на сообраќај надвор од градските средини, што е последица на летните одмори и големиот број возила. На граничните премини, пак, од македонска страна нема значителни задржувања ниту при влез, ниту при излез од државата.

Изменет режим на делницата Гостивар – Тетово

Од денеска, па во следните две седмици, ќе има изменет режим на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно. Од патарина Тетово до патарина Гостивар ќе се изведуваат градежни истражувачки работи. АМСМ информира дека сообраќајот ќе се одвива под изменет режим.

Виадукт Трејд – Дооел од 1 септември 2025 започна со нова фаза на градежни активности. Воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај. Воведена е времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата. Овој режим е поради санација на мост Здуње, мост на реката Вардар, на државен пат А2, делница Гостивар – Стража. Промената ќе трае шест месеци.

Препораки за безбедно возење

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење и почитување на сообраќајната сигнализација. Апелира и за внимателно управување на возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите. На овие делници постои можност за појава на одрони. Ова се однесува особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.