Заради корумпираните СДСМ и ДУИ, Македонија меѓу најкорумпираните држави во Европа, во друштво со земји од Африка, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Македонија повторно на листата на Транспаренси е во друштво на земји како Сенегал, Виетнам, Танзанија, Етиопија. Лошото рангирање е заради големите корупциски афери на власта. Нерасчистено остана случајот околу трчањето по провизии од вакцини, ниту пак исчезнувањето на името на Вице од кривична пријава за рекет во РЕК, нема одговорност за ниту еден корупциски скандал или криминал во кој се вмешани луѓе од власта. Ниту изминатава година не се утврди кој прислушкувал во ЈО, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта нема намера да се бори против корупција, таа е причинител на истата. Потребни се коренити реформи и одлучна борба против криминалот, со СДСМ и ДУИ тоа не е можно. Затоа потребни се брзи предвремени избори, и влада која ќе биде насочена реформски и со јасна агенда за борба против корупцијата и криминалот, истакнуваат од партијата.