Заради СДСМ литар дизел од утре ќе се продава за 107.5 денари, поскап за 3 денари од денес. Новите цени на горивата кои ги донесе РКЕ се следните: БС 95 ќе се продава по цена од 111.5 денари за литар, БС 98 по цена од 113.5 денари за литар, а дизелот за 107.5 денари за литар, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Цените на горивата се високи затоа што СДСМ ниту во време ма криза не сака да се откаже од 50% од акцизата, која патем е зголемена од нив.
Доколку СДСМ го прифатеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата, горивата ќе беа поевтини и за 25 денари.
СДСМ не сака да се откаже од 50% од акцизата за да има повеќе во буџетот кој го крадат.
Зголемената цена на горивата се голем удар за граѓаните и економијата. Тие влијаат на поголеми цени на сите производи во малопродажба и на транспортот воопшто. Од друга страна државата не е губи голем приход, бидејќи истото е рамно на 50 милиони евра приход во буџетот, пари кои може да се заштедат со кратење од непродуктивни трошоци.
Но СДСМ не се откажува затоа што тие сакаат што повеќе пари во буџетот, за што повеќе пари за матни тендери. Премногу е, протест за промени на 18 јуни, во 20 часот пред влада, стои во партиското соопштение.