Комисијата за заразни болести одлучи, а владата прифати, времетраењето на изолацијата да биде седум дена.
Новата одлука за кратење на периодот на изолација ќе важи и за лицата кои изминатите денови добиле позитивен тест. Доколку немаат симптоми, а денеска им е 7 ми ден откако се тестирани, имаат решение за изолација и се влезени во системот од утре можат да излегуваат од дома или да одат на работа.
Иако првично од министерството одговорија дека новите мерки ќе важат за новите Ковид случаи, информацијата беше корегирана.
Но, оваа одлука веднаш стана проблематична, па така наш читател не контактираше и ни ја објасни неговата ситуација.
-Јас сум со корона и има генерално проблем со одлуката за намалување на изолацијата до 7 дена што ја засега целата јавност. Имено, и за тие што немале симптоми и за тие што имале ги враќаат на работа недолечени како во случајот јас (државата одлучува дека си здрав и те враќа на работа) независно дали се долечен си ги имал сите симптоми или не, комисијата за заразни и Владата се вадат дека во согласност со матичната се одлучува, а тие пак кутрите викаат дека така им наложуваат од комисијата односно се врши притисок врз нив. Како и многу пати Владата ја покажува својата неспособност во имплементирање на една најобична одлука, а камо ли за друго. Има реакции од сите што се засегнати со проблемов а со оглед на тоа дека е пик тоа е голем број на луѓе, ни напиша нашиот читател.
Оттука се поставува прашањето, дали власта ги остава сами да се снаоѓаат граѓаните, па кој ќе преживее ќе раскажува?