Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево на прес – конференција за тоа дека заразените во модуларната болница во Тетово имале и придружба, роднини, рече дека тоа било тешко да се изменаџира, и дека биле примани да се видат со заболените со сертификат за вакцинација.

За ова прашање, Филипче вели дека тоа треба детално да се провери и истрагата ќе даде одговор.

„Ќе инсистирам на институционален пристап“, рече министерот.

Кажа дека имало доволно персонал и немало потреба на заразените да им помагаат блиските.