Научници од Универзитетот Нортвестерн веруваат дека носењето маски би ни било полесно кога би имале дополнителна корист. Тие развија сензор за маски кој може да го мери отчукувањето на срцето, ритамот на дишење, температурата, да откриваат ниво на сончево зрачење или да собираат други корисни информации за вас и за околината каде што се наоѓате.

научниците веруваат дека маските опремени со нивниот сензор можат значително да го продолжат траењето, а за користење не се потребни никакви батерии.

Сензорите FaceBit ќе мора да поминат клинички испитувања и други тестови пред да бидат спремни за употреба во реалниот свет, но веќе јавно објавија компјутерски код за проектот и детални податоци за хардверот за другите компании да можат да го испробаат и да го верифицираат.