Како што пренесуваат странските агенции, помалку од 20 американски чувари се испратени на Хаити.
– Иако САД често испраќаат дополнителни сили, вклучително и маринци, во своите амбасади низ целиот свет за време на кризи, распоредувањето дополнителна безбедност е знак на зголемено ниво на несигурност по убиството на Моиз, пренесуваат агенциите.
Претседателот на Хаити Моиз беше смртно ранет во ненадеен напад врз неговата резиденција на 7 јули.
Вршителот на должноста премиер Клод Жозеф го повика населението да се смири, уверувајќи дека безбедносната состојба е под полициска и воена контрола.