Во момент на засилени борби на украинскиот фронт Киев и Москва со меѓусебни обвинувања. Додека има нови извештаи за масовни напади со цивилни жртви на двете страни, рускиот претседател Путин, реши да создаде безбедносна тампон-зона на руско-украинската граница.

„Имајќи ги предвид нападите со беспилотни летала, акциите на саботажните и извидувачките групи, жени и деца кои се убиени и повредени – веќе реков, донесена е одлука за создавање на потребната безбедносна тампон-зона по должината на границите“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Агресивните изјави на Путин ги отфрлаат мировните напори и покажуваат дека тој е единствената причина за продолжување на војната-вели украинскиот шеф на дипломатијата Сибиха. Киев повика на зголемен притисок врз Москва и цела Русија генерално.

„Светот гледа дека Русија е виновна што војната сè уште трае. Украина е подготвена за најбрзите можни чекори – вистински прекин на огнот и воспоставување нова безбедносна архитектура. Ние работиме од наша страна. Она што е потребно е подготвеноста од Русија. Таа сега ја нема, и без глобален притисок, ова нема да се промени“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Русија отсекогаш нагласувала дека е подготвена за мировни преговори со Украина-вели рускиот шеф на дипломатијата. Втора рунда преговори ќе има, но не во Ватикан-додаде Лавров. Тврди дека меморандумот за украинското решение од руска страна е веќе во напредна фаза.

„Секако, оваа одлука не може да ја донесе еден дел, потребна е согласност од двете страни. Кога ќе дојде време, оваа одлука природно ќе биде донесена“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Мировните преговори сè уште нема, но размената на воени заробеници меѓу Москва и Киев договорена во Истанбул, треба да се случи веќе во наредните денови. Двете страни ги разменија списоците со имиња. Во истовреме, Берлин за првпат од Втората светска војна, трајно стационира воена бригада во Литванија како одговор на руската агресија.

„Мирот во Европа е нарушен. Секој ден Русија го крши поредокот што колективно го усвоивме како лекција од ужасите на Втората светска војна. Мора да можеме да се одбраниме од вакви напади во секое време. Слободата не е бесплатна. Свесни сме за сериозноста на ситуацијата и за нашата сопствена одговорност“, изјави Фридрих Мерц, канцелар на Германија.

Во истовреме, Финска започна копнени воени вежби во близина на руската граница вклучувајќи војници од Велика Британија и САД. Вежбата „Карелијански меч 25“ ќе трае до 1-ви јуни.

СЕ НАДЕВАМ НЕ ВЕРУВАТЕ ВО ЧУДА: Украина никогаш нема да се врати на границите од 1991 или од 2022, вели Залужни

Извор: Мрт