ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ НА МВР: 758 возачи санкционирани за пречекорување на брзината, 141 без возачка дозвола
Изминатиот викенд, Министерството за внатрешни работи (МВР) регистрирало вкупно 1.570 сообраќајни прекршоци низ патиштата во земјава. Најголем дел од нив – 758 се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, соопшти денеска МВР.
Детали од акцијата:
216 возачи биле казнети за непрописно паркирање
141 лице било отстрането од сообраќај бидејќи немале возачка дозвола
62 санкции за неносење сигурносен појас
31 возач на мотоцикл казнет за незаконо управување без кацига
27 возачи користеле мобилен телефон при возење
8 санкции за минување на црвено светло
61 возач исклучен од сообраќај поради присуство на алкохол во крвта
Исклучени возила:
Во истиот период, по основ на Законот за возила:
39 возила се исклучени од сообраќај
11 поради техничка неисправност
28 биле нерегистрирани
Сообраќајните контроли на МВР најавено е дека ќе продолжат и во наредните денови, со апел до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите за поголема безбедност на патиштата.
Засилените контроли на МВР започнаа по прегазувањето на Фросина Кулакова. Прочитајте повеќе од линкот во продолжение каде известивме за протестите во Скопје и Неготино:
Извор: СкопјеИнфо