Фондот за здравствено осигурување воведува засилени механизми за следење на пропишувањето лекови, при што фокусот ќе биде ставен исклучиво на антибиотиците и анксиолитиците, со цел поголема контрола и одговорност во примарното здравство.
Антибиотици и анксиолитици
Од ФЗО посочуваат дека по зголемувањето на вреднувањето на матичните лекари во текот на минатата година, сега се очекува и повисоко ниво на професионална дисциплина. Тоа подразбира почитување на утврдените квоти за пропишување лекови и прифаќање на казнената политика во случаи кога тие ќе бидат надминати.
Генералниот директор на Фондот, Сашо Клековски, нагласи дека мерките не се однесуваат на сите терапии, туку имаат прецизно дефиниран опфат.
- „Имаме ограничување за препишување само кај антибиотици и анксиолитици“, појасни Клековски.
