Старо-новиот прволигаш, најтрофејниот македонски тим со враќањето во Првата лига се засилува и со Бразилецот Педрињо.

Домашниот пазар е лимитиран, тоа одамна се знае па како и во поголемиот број на случаји кога се сака да се доведе квалитетно засилување се посегнува по интернационалци.

Како што пишува Спортмедиа, Бразилецот Педрињо има 26. години и може добро да се снајде и на позицијата, „десетка“ но и на крилната десна позиција.

На Вардар напаѓачите од Бразил не му се непознаница, ги имал доста во минатото, а Спортмедиа дознава дека и следната сезона ќе има таков во составот. Се работи за офанзивецот Педрињо кој последно бил дел од бугарскиот тим Минјор Перник, а има искуство и со играње во Австрија, односно Германија во пониските лиги.