До ова ли дојдовте? Засрамете се! Прости им боже не знаат што прават, Ова е сквернавење на христијанството. Ова се само дел од реакциите по вчерашната маска од Исус како на крст влече пивски гајби на Вевчанскиот карневал.

Покрај традиционалните маски како зетот, невестата, ѓаволот, како и секоја година кога актуелните шегите кои секоја година се во фокусот – премиер овде имаше со случувањата во М-НАВ, годинава во Вевчани вниманието го привлече маската според многумина е навредлива: Исус како влече крст од пивски гајби.

На сите социјални мрежи коментарите се многубројни. Меѓу нив се истакнува критиката од новинарот Марјан Николовски кој ваквиот чин го опиша како сквернавење на христијанството.

На Инстаграм пак, има бура од реакции да се засрамат луѓето кои стојат зад оваа невкусна маска.

Христос беше распнат на крст за да ги плати нашите гревови, а не за да се исмеваат пијандуриве со него! Истите вие пред една недела го славеа раѓањето Христово, а денес ја ругаат неговата жртва! СРАМОТА И РЕЗИЛ!, пишува револтиран граѓанин.

Инаку, претходно од вчерашните манисфетации на Вевчанскиот карневал се одложија поради смртта на млад вевчанец, син на екс-пратеникот Крсто Мукоски.