На 29.07.2023 во 18:00 часот на обиколница кај с.Костурник, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот биле забележани две патнички моторни возила со скопски регистарски ознаки „опел зафира“ и „сеат леон“ од кои се симнувале лица-мигранти, додека возачите се дале во бегство.

По преземени мерки, од полициските службеници бил лишен од слобода А.Н.(32) од Скопје кој со возилото „опел зафира“ превезувал мигранти.

На местото на настанот затекнати биле 16 мигранти, сите од Сирија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.